БИТ-ПАЗАР, НАJСТАРИОТ И НАJГОЛЕМИОТ ПАЗАР ВО СКОПJЕ

ХРАНА

Месо Риба

телешко пиле пастрмка црвеноперка

свинско кокошка крап плашица

jагнешко гуска ослиќ штука

пилешко патка jагула скуша

jунешко мисирка лист туна

лосос сардини

 

Житарици Тестенини Морски плодови

 

ориз шпагети октопод

гриз макарони школки

просо jуфки лигни

леќа паста ракчиња

грав кори краб (краби)

грашок шкампи

пченка палента

пченица презла Зачин

 

Зеленчук Овошjе Мирудии

компири jаболко jагода бибер

домат/патлиџан круша шумска jагода ѓумбир

модар патлиџан агруми: вишна цимет

краставица портокал цреша оригано

пиперка лимон, боровинка ким

морков мандарин, капина сусам

зелка цитрон рибизла каранфилче

карфиол калинка малина афионово семе

цвекло грозjе дренка рузмарин

кромид диња лешник/-ци шеќер

праз лубеница орев(и) сол

лук дуња кикиритки пипер, бибер

спанаќ jапонско jаболко индиски орев рузмарин

тиква урма бадем(и) босилек

тиквички смоква ф’стаци магдонос

рдокви, ротквици банана костени лаворов

марула ананас леблебија (дафинов) лист

бамjа киви копар

пашканат маслинки огрозд нишесте, скроб

магдонос кајсии дудинка масло за jадење

целер праски зеjтин

боранија слива сончогледово,

кељ, брокула црна слива маслиново масло

аспарагус мушмула

Млеко пиjалак - пиjалаци

кисело млеко (овчо, кравjе) вода, кисела вода

jогурт сок, џус

павлака алкохол, алкохолни пиjалаци урда вино, пиво,

путер жестоки пиjалаци

сирење ракиjа, мастика

кашкавал кафе: турско средно, горко, благо

каjмак еспресо, макиjато, капучино

 

сувомесни производи леб, еден леб, кило леб

шунка пченичен, 'ржен, пченкарен леб

печеница торта, колачи, бисквити

пршута наполитанки, двопек

свински врат кифла, геврек

салама слатки, чоколадо

виршли бонбони, бонбониера

 

продавница, супермаркет, минимаркет, месарница

пазар, саем, панаѓур

амбалажа, опаковка

пакување, парче, се продава на парче/на кило

тегла, конзерва, лименка, шише

пакет, гаjба,

кутиjа, штека

 

скап, ефтин

кисел, сладок, благ, солен, горчлив, лут; полн, празен

свеж, тазе, баjат

 

пари, ситно, кеш, во кеш, во готово

кауција, капар

кусур, бакшиш,

килограм, два килограма, килограм и половина

едно кило, две кила, кило и пол

 

купи – купува, продаде – продава; пазари

плаќа – плати, наплаќа – наплати

враќа – врати (кусур)

раситни – раситнува

се пазари, се ценка

Колку чини? Колку е …? Колку се …? Колку ви е (се) …?

Колку треба да платам (да платиме)?

Даjте ми, ве молам, ….

Имате ли ситно? Можете ли да ми раситните?

 

 

***

Денеска на работа на Елка и се jави една неjзина соученичка од гимназиски денови. По подолг разговор, тие двете се договараат вечерта да се видат заедно со сопрузите каj Елка дома.

По завршениот ручек Елка му вели на Игор: - Вечер ќе ни доjдат на гости Весна и Коста. Аj, те молам оди до Веро купи нешто за послужување, а jас во меѓувреме ќе jа расчистам куќава. Бидеjќи на Игор не му е туѓо одењето во продавница, станува, зема лист хартиjа и пенкало и свечено обjавува: – Те слушам!

Елка помислува, па вели: - Ќе купиш и некои работи кои не се само за послужување, ами и нешто за jадење за оваа седмица, изедовме, речиси, сè.

Игор: - Тоа значи дека освен во Веро, треба да одам и на пазар. Доообро!

Елка: - Значи вака! Од пазар ќе купиш: 1 кг чистен спанаќ, ½ кг грав и 1 кг грашок. Ако има модри патлиџани купи два, да направам малиџано, а купи и некакво овошjе, jаболка, круши, грозjе… Не купуваj само банани зашто имаме неколку во фрижидерот, ќе се скапат.

Од месарница купи 1 кг свинско, 1 кг пилешки стек, нешто сувомеснато – шунка или свински врат, а може и чадено пилешко, или чаjна… не знам, реши сам.. Потоа од Веро купи: 1 кг сирење, 1 кг кашкавал, 1 млеко тетрапак, 1 тегла маjонез, 1 конзерва туна, некакви кифлички, само да не бидет лиснати, 500 гр колачиња од оние со желе и чоколадо, 200 гр кикиритки…

За пиење купи нешто газирано – Фанта или Кока-Кола, еден џус, една кисела вода, едно шише бела Александриjа и едно шише Т'га за jуг

Игор: Добро, одам! Во Веро да платам во кеш или со картичка?

Елка: Со картичка!

По пет минути Елка влегува во куjната и почнува да ги мие садовите и се преслушува што да подготви за вечерашните гости. – Ќе направам салата од туна, една салата со цвекло и една пита со праз! – Чекаj, чекаj – си зборува сама со себе, а цвекло, а праз? Сега ќе му се jавам на Игор да му кажам да купи. Набрзина ги измива рацете и му се jавува на мобилниот телефон на Игор:

Елка: Каj си?

Игор: На пазар.

Елка: Купи уште цвекло, праз и… и…

Игор: И…

Елка: Да, и две главици кромид, и три чешниња лук…

Ја спушта слушалката и го отвора фрижидерот. – Боже! Па немам ни jаjца, ни кисела павлака… Пак ќе му се jавам.

Елка: - Каj си бе?

Игор: Во Веро, на каса.

Елка: Купи и 10 jаjца, и 2 кисели павлаки…

Игор: (здодевно) Добро.

Елка влегува во куjната и се зафаќа со работа. Сечка кисели краставички, дроби ореви за салатата со модри патлиџани, става аjвар во една длабока чиниjа… Го става да стаса квасецот за питата, мери брашно и масло во два сада. Потоа го пегла чаршавот за на масата … и на краj седнува да испуши една цигара… Ја отвора чантата и гледа… нема цигари…

Елка: - По ѓаволите, сега како да му се jавам уште еднаш!? Го зема телефонот по трет пат и милозвучно вели:

- Игоре, душо, па каде си?

Игор (веќе со чуjна нервоза): Овде нема никаков Игор! Овде е претседателот на Здружението за малтретирани мажи од страна на жените. Вашиот Игор, бараjте го на ливадите во кругот на Бардовци!!!

 

1. Коj и се jави на Елка? За што се договараат тие:? Коj одично пазари во семеjството на Елка и Игор? Каде Игор треба да оди? Зошто Игор пишува список? Што треба да купи Игор за jадење? Што Игор треба да купи за пиење? Што Елка заборава да му каже на Игор? Зошто Елка му се jавува на Игор по третпат? Што и одговара Игор?

2. Коj оди во продавници во вашето семеjство? Колку често одите во продавници неделно? Каде купувате овошjе и зеленчук? Какво месо купувате наjчесто? Кои млечни производи купувате? Што купувате од сувомесни производи? Дали овошjето и зеленчук се скапи во Македониjа? Што наjмногу сакате да купувате? Што се продава во слаткарница?

3. Колку често пазарувате во големите маркети? Кој ден ви е омилен за пазарување? Што е за вас пазарувањето – ритуал, забава или обврска? Има ли во вашето семејство главен во пазарувањето? Колку најдолго сте заглавиле во маркет? А најкратко? По потреба, кој најчесто пазари во блиската продавница? Кои производи задолжително влегуваат во вашата кошница? Кои производи најчесто ги заобиколувате при купувањето? Кои ви се омилени маркет и пазарче? Колкава е најголемата сметка што досега сте ја направиле?

 

Елизабета Арсоска (Вечер 1-2 октомври 2005)

БИТ-ПАЗАР, НАJСТАРИОТ И НАJГОЛЕМИОТ ПАЗАР ВО СКОПJЕ

ДУШАТА НА НАШИОТ «БОЛВАК»

На Бит-пазар нема што нема. Од пиле млеко. Скопјани го знаат тоа и затоа дребулиите или предметите што не можат да ги најдат по скопските продавници, ги купуваат токму таму. И сè за ситни пари. Се разбира, цната соодветствува на квалитетот. Или, колку, пари, толку музика. Облека и парфеми со квази потпис на познати креатори. «полуоригинални» обувки, часовници, апарати за домаќинство. Па дури и парчиња мебел… Се продаваат цигари и акцизна стока. Се разбира без бандероли. Прва класа е само зеленчукот и овошјето, кое на битпазарските тезги е секогаш со најдобар квалитет. Доживување е и ценкањето по кое цените на производите паѓаат за триесетина проценти пониско. Сè е за бадијала…

Но, потрошувачкиот, не е единствениот мотив што ги тера скопјани барем еднаш во неделата да дојдат и да се нурнат во метежот и вревата на најголемиот пазар. Бит-пазар е многу повеќе од обично место за пазарување. Тој има своја душа, свој начин на пулсирање, што со векови го прават таков каков што е.

Како никаде во градов тука на едно место се споени урбаното и руралното, различните бои, националностите, агресивноста и смиреноста…

Бит-пазар е најстариот пазар во Скопје. Настанал пред еден милениум, истовремено со Старата скопска чаршија. Името Бит-пазар е турцизам – во буквален превод «бит» значи болва или вошка. Богатата локална традиција на «болвакот» е создавана и негувана со векови. Иако многу поретко, и ден-денеска на некои од тезгите се продаваат рачно изработени предмети од дрво, кожа, керамика… Дрвени лажици и каленици какви што употребувале нашите предци, грниња, земјени тави, дајриња, кавалчиња… На делови од пазарот, се чини, како тезгињата да нсе се доволни, па сакајќи да удоволат на пребирливиот вкус на купувачите, пазарџиите се распослале и долу на калдрмата. Метеж, гласниот говор, музика, како да не се смениле со векови. На едно место, на разни јазичи бучно се рекламираат производите. Се мамат купувачите, се довикуваат едни со други. Но, ги нема бозаџиите, продавачите на локум. На салем, на алва, за ориенталнигт амбиент да биде потполн. Заедно со Чаршијата, Бит-пазар е најатрактивниот дел од градов, амбиент особено интересен за страниците и туристите.

Последниве десетина, петнаесет години, за жал, сјајот на најстариот скопски пазар на моменти се замаглуваше. Повеќепати исконскиот амбиен беше сквернавен со пукотници, бомби, физички пресметки… Имаше жртви, ранети, повредени. Но, навраќањето на тие немили сцени не се нашат цел. Биле и да не се повторат. Да остане оној единствениот дух на Бит-пазар и него како реликвија да им го пренесуваме на нашите потомци.

 

А.Тимковска (Вечер 1 октомври 2002)